
Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, изјави дека би бил горд да го преземе кормилото на Рома од следната сезона. Според информациите, раководството на Рома е во контакт со Гасперини и го разгледува како главен кандидат за наследник на Клаудио Раниери, кој ќе ја води екипата до крајот на сезоната.
„Рома? Кој не би сакал да биде тренер на Рома. Ова е одлично место, необично, со извонредна публика. Би било извор на гордост, но што ќе се случи е тешко да се предвиди. Рома е како националниот тим, сите ја сакаат“, изјави Гасперини за РАИ Спорт на настан во КОНИ во Рим, по повод наградите во чест на Енцо Беарцот.
„Среќен сум, ова е многу престижна награда. Националниот тим треба да игра како што играше во второто полувреме против Германија вчера“, додаде Гасперини пред новинарите.
Гасперини неодамна објави дека ќе ја напушти Аталанта по девет години на чело на тимот, што го прави достапен за нови предизвици.
Покрај Гасперини, во медиумите се споменуваат и други потенцијални кандидати за тренерската позиција во Рома, како Роберто Манчини и Маурицио Сари, но засега нема официјални информации за конечниот избор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
