
Европските квалификации за Светското првенство 2026 година штотуку започнаа, но во останатите зони некои селекции веќе можат да слават и да ги подготвуваат куферите за Мундијалот следната година.
Покрај домаќините САД, Канада и Мексико, своите грижи во квалификациите веќе ги завршија Јапонија, Иран и Аргентина, а сега им се придружи уште една репрезентација.
На Светското првенство 2026 година ќе ја гледаме репрезентацијата на Нов Зеланд.
Нов Зеланд во финалето на океанските квалификации ја победи Нова Каледонија со 3-0 и ја оправда улогата на голем фаворит.
За Нов Зеланд погодија Боксал во 61. минута, Барбароусес во 66. и Џаст во 80. минута од натпреварот.
NEW ZEALAND ARE GOING TO THE 2026 FIFA WORLD CUP 🇳🇿🎉
— Isuzu UTE A-League (@aleaguemen) March 24, 2025
It’s official. The All Whites have ended a 15-year wait to return to football’s biggest stage.
Congratulations to all 11 A-Leagues stars in the squad that beat Fiji and New Caledonia to secure their ticket to USA, Canada &… pic.twitter.com/yHkCcXs926
Може да се каже дека Нов Зеланд е најсреќната репрезентација по одлуката на ФИФА да го прошири Мундијалот од 32 на 48 селекции.
Така, Океанија доби загарантирано место, а тешко дека некој може да му парира на Нов Зеланд, бидејќи сите останати селекции се аматерски, вклучувајќи ја и Нова Каледонија, која играше во финалето.
Нов Зеланд до Мундијалот стигна со три убедливи победи во втората фаза на квалификациите против Тахити, Вануату и Самоа, со гол-разлика 19-1 во трите натпревари.
Потоа, третата фаза на квалификациите донесе завршен турнир (Ф4), каде што Нов Зеланд најпрво го декласираше Фиџи со 7-0 во полуфиналето, а потоа во финалето ја победи Нова Каледонија со 3-0.
Со тоа, Нов Зеланд до Мундијалот стигна со пет победи во пет натпревари и гол-разлика 29-1, што доволно говори за квалитетот на останатите океански селекции. Единствениот гол што го примија беше против Вануату во групната фаза, во победата од 8-1.
За фудбалската репрезентација на Нов Зеланд ова ќе биде втор настап на Мундијалот, по нивниот дебитантски настап на Светското првенство 2010 во Јужна Африка. Тогаш го завршија натпреварувањето во групната фаза со три бода, односно три нерешени натпревари.
Пред нив завршија Парагвај и Словачка, но интересно е што Нов Зеланд ја остави Италија зад себе во групата, што значи дека сè уште немаат пораз на Светско првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal