
Франција и Шпанија ги заокружија учесниците на завршниот Ф4 турнир во Лигата на нациите, откако по драматични пенал-серии ги елиминираа Хрватска и Холандија. Претходно, место во завршницата обезбедија Португалија и Германија.
Французите одиграа сигурно на домашен терен и ја анулираа негативата од Сплит. Со головите на Олисe од слободен удар и na Дембеле, „триколорите“ славеа со 2-0 и изборија продолженија. Дополнителните 30 минути не донесоа нови погодоци, па победникот беше решен на пенали.
Хрватите лошо започнаа – Мењан го одбрани ударот на Крамариќ, додека Мбапе и Чуамени беа прецизни за Франција. Ивановиќ го промаши целиот гол, но Кунде потоа не реализираше и им даде надеж на „коцкестите“. Серијата продолжи со погодоци, но Мењан ја одбрани клучната пенал-реализација на Станишиќ, по што Упамекано го запечати пласманот на Франција.
Дуелот во Валенсија понуди вистински спектакл. Регуларниот дел заврши 2-2, а во продолженијата беа постигнати уште два гола за конечни 3-3. Ојарзабал од пенал донесе водство за Шпанија, но Депај од белата точка израмни на почетокот на вториот дел. Ојарзабал повторно стрелаше, но Холандија возврати преку Матсен. Во екстра-времето, Ламин Јамал погоди за „фуријата“, а Чави Симонс од пенал донесе ново израмнување.
Во пенал-серијата, сите беа сигурни до четвртата рунда, кога Ланг ја погоди гредата. Ламин Јамал потоа промаши, но трагичар за Холандија беше Мален, кој не реализира во шестата серија, по што Педри ја однесе Шпанија на Ф4.
Германија и Италија одиграа 3-3, но Германците славеа на првиот меч со 1-2 и со вкупен резултат 5-4 стигнаа до завршниот Ф4 турнир.
Португалија по продолженија ја победи Данска со 5-2, откако во регуларниот тек славеше со 3-2, анулирајќи ја минималната негатива од првиот меч.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
