
Маркус Рашфорд нема да добие нова шанса во Манчестер Јунајтед под водство на менаџерот Рубен Аморим. Напаѓачот беше испратен на позајмица во Астон Вила до летото, каде што почна да ја враќа својата најдобра форма. Поради тоа, се појавија шпекулации дека тренерот на „црвените ѓаволи“ може да ја преиспита својата одлука и да го врати Рашфорд во тимот, но според најновите информации од Островот, нема никакви шанси тоа да се случи.
Аморим има намера да доведе нов напаѓач од светска класа во летниот преоден рок и за таа цел планира да го продаде Рашфорд за значителна сума, со која ќе го финансира новото засилување. Тој се надева дека ќе добие најмалку 60 милиони фунти за играчот кој потекнува од академијата на Јунајтед.
„Не успеав да го убедам Маркус да ја прифати мојата фудбалска филозофија и да тренира на начинот на кој јас барам. Понекогаш еден играч блеска под водство на еден тренер, а со друг не функционира. Му посакувам сè најдобро и се надевам дека ќе има подобар однос со Унаи Емери во Астон Вила, затоа што тој е одличен играч“, изјави Аморим при разделбата со Рашфорд.
Откако прејде во Астон Вила, 27-годишниот фудбалер одигра девет натпревари, на кои сè уште нема постигнато гол, но има четири асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
