
Крилниот напаѓач на Астон Вила, Марко Асенсио, ги сподели своите очекувања за претстојниот четвртфинален дуел со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. Токму францускиот шампион неодамна го позајми на англискиот клуб до крајот на сезоната.
„Ова ќе биде специјален и прекрасен дуел. Сè уште имам време да размислувам за него. Сега треба да се опоравиме, да тренираме и да ја подобриме нашата игра, а за ПСЖ ќе размислуваме подоцна. Да, го гледав натпреварот со Ливерпул. И, ако треба да бидам искрен, многу сум среќен за моите пријатели од ПСЖ, кои победија и се пласираа во четвртфиналето. Не беше лесно, и искрено сум радосен за нив“, изјави Асенсио, цитиран од „РМЦ Спорт“.
Првиот натпревар ќе се игра во Франција на 9 април, а реваншот во Англија на 15 април.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
