Најтрофејниот македонски клуб Вардар продолжува со сериозни активности за расчистување на долговите и за деблокирање на сметката. Клубот објави соопштение на официјалниот сајт, истакнувајќи дека се исплатени средства кон неколку личности и фирми кои имаа побарувања.
„Извршниот директор на ФК Вардар на овој начин ја информира заинтересираната јавност дека вчера и денеска се исплатени блокадите на нашата сметката кон:
Адвокат Марија Спировска 932.360 денари (15.000 евра)
Горан Митев 6.242.677 денари (100.000 € / сто илјади евра)
Плант експо 282.760 денари (4.600 €)
Слободан Мутибариќ 431.735 денари (7.000 €)
Горан Попов 11.250.000 денари ( 183.000 € )
Сумите на “љубов” кон ФК Вардар се огромни, но и решеноста да се справиме со овој криминал, неодговорност и злоупотреба“, велат од ФК Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













