
Реал Мадрид Фондација преку лиценцираниот партнер во Македонија, „Еуроспорт Арена“ на најдобар можен начин го заокружи проектот со организација на фудбалски кампови со фудбалските клубови од нашата земја. Честа да бидат организатори оваа година во проектот „Реал Мадрид Фондација Клиник“ ја имаа прволигашот Работнички и второлигашките клубови Кит-Го и Тиквеш.
„По незаборавните доживувања со претходните два кампа, „Real Madrid Foundation Campus Experience“ во Скопје и во Охрид, изминативе пет дена заокруживме на најдобар можен начин уште еден нов проект. Според принципите на „Реал Мадрид Фондација Клиник“, младите фудбалери од македонските клубови и школи во Скопје, Штип и Кавадарци имаа можност да уживаат во уникатен пристап за обука и спортски вредности стекнувајќи се со неверојатно фудбалско искуство, а притоа со вклучени и тренери од фудбалските клубови Работнички, Кит-Го и Тиквеш. На крајот на сите учесници на трите кампа им беа доделени признанија и дипломи“ – вели Влатко Тодев, првиот човек на „Еуроспорт Арена“.
На последниот ден од тренинг кампот на „Реал Мадрид Фондација Клиник“ во Штип присутен беше и градоначалникот Благој Бочварски кој искажа задоволство што градот заедно со ФК Кит Го, како организатор, доби ексклузивна можност за организација на еден ваков камп кој без сомнение носи значаен придонес во развојот на фудбалската игра во регионот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
