
Со девет нови фудбалери на чело со новиот шеф на стручниот штаб, Емил Грнев, ФК Кит Го во Пехчево ги стартуваше подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток.
Нови фудбалери на Кит Го во следната сезона ќе бидат искусниот поранешен напаѓач на Силекс, Вардар, Пелистер, Работнички и Брегалница, Бошко Ступиќ кој пристигна од редовите на Киран, Казахстан, потоа Дарко Алексовски од Силекс, Марјан Ташков од Тиквеш, Трајче Ефремов од Победа, како и довчерашните фудбалери на штипска Брегалница, голманот Марио Сандевски, но и Марио Крстов, Оливер Христов, Анџело Николовски и Кристијан Антонов.
Од Кит Го овој преоден рок заминаа офанзивецот Антонио Бујчевски, како и Иван Настевски, Мартин Стојанов и Благој Гуцов кои кариерите ги продолжуваат во Брегалница.
Со комплетно нови сили, но и подмладен состав, основната определба на ФК Кит Го во новата сезона ќе биде да се продолжи со досегашниот континуиран раст и како спортски колектив и како тим, потврдувајќи ги и амбициите и натаму да се игра значајна улога на домашната второлигашка сцена.
„Огромно задоволство е да се води екипа како Кит Го која се двои во македонскиот фудбал од организациски аспект. Секако и голем предизвик сега со подновен состав и млади фудбалери да се потврди она што сите изминати години Кит Го го гради за развојот на фудбалската игра во регионот и во државата“ – вели Грнев, на кого во стручниот штаб ќе му помагаат довчерашниот фудбалер на штипска Брегалница, Лазар Илиев а тренер на голманите ќе биде Александар Митрев.
Во Кит Го повторно се враќа и прославеното име на македонскиот фудбал Трајче Сенев, овој пат на функцијата спортски директор во клубот. Сенев, кој беше дел од Кит Го од самите почетоци на клубот и еден од најзаслужните за неговиот континуиран раст сите изминати години, повторно ќе биде во спортските структури. Искусниот стратег претходно ја извршуваше функцијата шеф на стручен штаб на ФК Кит Го, кога на почетокот од април беше заменет со Добринко Илиевски, за да сега се враќа со функцијата – спортски директор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Милан ќе го откупи Кајл Вокер

Евро-фудбал
Јирген Клоп на преговори со Реал Мадрид

Млади репрезентации
Македонија У18 поразена од Словачка на вториот тест

Евро-фудбал
Јирген Клоп на преговори со Реал Мадрид
