
Баерн Минхен планира да го продаде Кингсли Коман по завршувањето на сезоната, тврди „Билд“. Баварците се подготвени да се разделат со францускиот крилен напаѓач за сума меѓу 35 и 45 милиони евра.
Самиот фудбалер е отворен за трансфер. За него интерес покажуваат Арсенал и клубови од Саудиска Арабија.
Раководството на Баерн сака да се ослободи од големата плата на Коман, кој често се соочува со повреди. Во тековната сезона тој одигра 22 натпревари во Бундес-лигата и постигна четири гола.
Кингсли Коман пристигна на „Алијанц Арена“ во 2015 година, а во 2020 го постигна победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите против неговиот роден клуб Пари Сен Жермен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Тетекс доведе четири нови засилувања

Евро-фудбал
Томас Милер ќе игра за Ванкувер во МЛС – лигата

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички
