
За новата натпреварувачка сезона ФК Лабуништа веќе ги ангажираше и првите засилувања.
Крилниот офанзивец Михајло Јакимоски, кој доаѓа од Македонија ЃП а во својата кариера има настапи за Металург и исландски Фрам, Кренар Алими кој пристигна од екипата на Велење од Словенија, досегашниот член на Струга ТЛ, Александар Василев и младинскиот репрезентативец на Македонија, голманот Стефан Јакимоски кој пристигна од ФК Њу Старс од Скопје се првите засилувања за Лабуништа, за новата сезона во Втората лига Запад. Второлигашот го врати и Миѓен Шерифи.
Претходно, како што е познато, Лабуништа ослободи од обврските десет фудбалери.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
