
Младиот струмички стратег Ване Милков ја доби одговорната улога – шеф на стручниот штаб на Беласица, во обид да го врати овој клуб назад во Првата лига. Беласица минатата сезона испадна од елитното друштво, а обидот за камбек ќе го има под водство на Милков, кој претходно работеше во младинската школа на овој клуб.
„Во изминатите четири години, Милков беше тренер во младинската школа на ФК Беласица, каде оствари низа успешни резултати. Гледајќи ја неговата амбициозност и посветеност кон оваа работа во изминатиот период, сметаме дека Ване во моментов е идеално решение за тренерската позиција,како и за продолжување на нашата клупска стратегија, промовирање на фудбалери од младинскиот погон во првиот тим“ – објавија од раководството на Беласица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
