Connect with us

Кит Го ќе тестира со Борец, Беласица, Кожуф и Плачковица

Подготвувајќи се за новата сезона во Втората лига – Исток стручниот штаб на ФК Кит Го ги договори и првите четири пријателски натпревари.

Пехчевци на 19. јули ќе одиграат тест дуел со Плачковица, на 24. јули е договорен контролен натпревар со струмичка Беласица, а на 27. јули во Пехчево ќе биде одигран и натпревар со новиот прволигаш Борец од Велес. На 1. август Кит Го ќе одигра и пријателски меч со Кожуф во Гевгелија.

Согласно програмата за подготовка на шефот на стручниот штаб Емил Грнев во август, пред стартот на новиот шампионат, планирани се уште два пријателски натпревари но противниците ќе бидат дополнително договорени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови