Connect with us

Тиквеш замина на подготовки во Маврово

Македонскиот второлигаш Тиквеш замина на седумдневни подготовки во Маврово. Тимот на Љупчо Димитковски таму ќе продолжи со подобрување на физичката подготвеност, а ќе одигра и три пријателски натпревари. 

Тиквеш утре ќе спарингува со српскиот тим Динамо Врање, а в недела ќе има тест дуел со Кораб Дебар. На 24 јули е закажан и пријатечски меч со прволигашот Ренова.

Кавадарчани минатата сезона не успеаја во плејофот за влез во Првата лига, но за наредната имаат големи амбиции, со надеж дека конечно ќе ја исполнат желбата за враќање во елитата. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови