
Башкими приреди изненадување и славеше со 0-1 на гостувањето кај Македонија ЃП во дербито од 17. коло во Втората македонска фудбалска лига.
Дуелот во Ѓорче Петров беше решен со еден погодок, кој беше постигнат во првото полувреме. Стрелец беше Хусеин Демири, кој во 29. минута ја затресе мрежата и ја задржа својата екипа во трката за бараж за влез во Првата лига.
Брегалница ја зачува втората позиција со сигурна домашна победа против Новаци со 3-1. Димитриевски, Калпачки и Хаџи-Кимов беа стрелци за штипскиот тим.
Арсими и Детонит Плачковица не успеаја да стигнат до триумф. Арсими одигра нерешено 1-1 со Охрид, додека Детонит Плачковица на домашен терен загуби од Саса Каменица со 1-2.
Во битката за опстанок, Победа дојде до значајна победа на гостувањето кај Борец Велес (0-1). Беласица го совлада Вардар Неготино со 4-0.
Без голови заврши натпреварот меѓу Скопје и Осогово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шон Дајш е новиот менаџер на Нотингам Форест

Евро-фудбал
Де ла Фуенте: Јас сум како Роки Балбоа

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
