
Против трофејните македонски клубови Пелистер и Беласица, фудбалерите на Кит Го ќе ја отворат новата натпреварувачка сезона во Купот на Македонија и во шампионатот во Втората лига – Исток. Стартот на официјалните натпревари ќе биде означен со дуелот против Пелистер на 21. август во Пехчево во рамките на 1/16-финалето од Купот на Македонија.
„Не очекува интересно првенство во Втората лига – Исток. Ќе одиме чекор по чекор во желбата да се надигруваме против секој противник и да остваруваме позитивни резултати“ – вели шефот на стручниот штаб на Кит Го, Емил Грнев, осврнувајќи се на првите противници кои ги очекуваат пехчевци овој месец.
Кит Го за противник во 1/16-финалето од Купот на Македонија го доби Пелистер, а на стартот од новата сезона во Втората лига следи дуел против струмичка Беласица.
„И за Пелистер и за Беласица може да кажам дека се клубови со долга и богата историја во македонскиот фудбал. Предизвик ќе бидат овие натпревари за нас, но Кит Го воопшто не планира да се предаде. Секој противник максимално го почитуваме, но против секој ќе одиме на победа. Така ќе биде и во Купот и во првото коло од шампионатот“ – истакнува тренерот на Кит Го, притоа дополнувајќи дека веќе тимот е комплетиран и со приклучувањето на неколкуте досега повредени фудбалери.
„Со враќањето на Дујоски, Пановски и Ефремов кои претходно отсуствуваа поради повреди, комплетни и подготвени ќе ги дочекаме натпреварите со Пелистер и со Беласица“.
Тимот, согласно програмата за подготовки на стручниот штаб, за престојнава недела планира одигрување уште еден пријателски натпревар, но противникот и терминот дополнително ќе биде одреден.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
