
Штипска Брегалница и Тиквеш, без сомнение, ќе ја водат најголемата битка за прволигашка промоција во новата сезона во Втората лига – Исток.
Тиквеш, задржувајќи го главно ростерот но и амбициите од минатата година, сега дополнително засилено атакува на првото место на крајот на сезоната. Но, овој пат, повеќе од сериозен ривал ќе има во Брегалница кој, по сите случувања во летниот период, ја презема фаворитската палка број еден.
Штипските „сини“, по добивањето на новиот сопственик во името на истакнатиот стопанственик и спортски инвеститор Кирил Гогов, веднаш покажаа огромна промена и од организациски аспект во клубот и во спортскиот дел каде е креиран тим за високи дострели. Сето тоа Брегалница ќе треба да го потврди уште денеска во 1. коло на гостувањето против Плачковица во Радовиш.
Од позадина во желбата за врвот ќе атакуваат Кожуф, Беласица и Кит Го, иако јасно е дека Брегалница и Тиквеш значително отскокнуваат пред конкуренцијата.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (1. КОЛО, денеска 17 ч.)
Гевгелија: КОЖУФ – ТИКВЕШ
Струмица: БЕЛАСИЦА – КИТ ГО
Кочани: ОСОГОВО – ПИТУ ГУЛИ
Радовиш: ПЛАЧКОВИЦА – БРЕГАЛНИЦА
Прилеп: ПОБЕДА – КАМЕНИЦА САСА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski