
Македонскиот прволигаш Воска Спорт ќе остане да функционира под раководство на Нефи Усеини. И покрај бројните обиди за влез на турски спонзор во охридскиот клуб, сепак, тоа се покажа неуспешно.
По завршувањето на есенскиот дел од сезоната, од клубот најавија промени во раководството и спонзорството, како и ангажирање на нови фудбалери и тренер. Сепак, турските спонзори се повлекле, а со нив си заминале и тренерот и спортскиот директор. Не важат ниту засилувањата кои беа најавени, дел од нив и промовирани.
Во оваа ситуација, Нефи Усеини останува сопственик на Воска Спорт и ќе продолжи да инвестира во клубот. Во наредните денови се очекува назначување на нов тренер, како и неколку играчи со кои тимот ќе игра во пролетниот дел од сезоната.
Целта на Воска Спорт оваа сезона останува опстанокот во елитното друштво, но ќе биде многу тешко да се оствари со оглед на ситуацијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике

Евро-фудбал
Спалети пред отказ по дебаклот против Норвешка
