Барселона постигна договор за продолжување на соработката со еден од најголемите свои таленти, Педри, пренесуваат шпанските медиуми. Веќе има устмен договор меѓу каталонците и 22-годишниот играч од средниот ред за продолжување на неговиот договор до јуни 2030 година.
Сегашниот договор на Педри истекува следното лето.
Сите детали ќе бидат договорени со агентите на играчот наскоро, бидејќи сè уште нема одреден датум за официјално потпишување. Но самиот Педри веќе се согласил со новиот договор.
На овој начин, Барселона продолжува долгорочно да ги врзува некои од своите најперспективни фудбалери, откако во последните два дена клубот ги продолжи договорите на Роналд Араухо и на Жерард Мартин.
Се очекува наскоро и големиот талент на каталонците, Ламин Јамал, да потпише нов договор со клубот, кога ќе стане полнолетен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













