
Кит Го ја запиша првата победа во новата сезона. И покрај отворениот психолошки притисок во желбата да се стигне до првиот триумф, фудбалерите одиграа квалитетен натпревар за сосема заслужена победа против Осогово.
Шефот на стручниот штаб Емил Грнев е задоволен од изданието на фудбалерите потенцирајќи дека сето тоа треба да биде дополнителен мотив за уште подобри изданија во периодот кој следи…
„Сакам да им честитам на фудбалерите за победата, кои навистина со максимална желба за триумф му пристапија на дуелот и успеаја во тоа. Пред мечот се чувствуваше одреден психолошки притисок поради претходните три дуели без победа, но повеќе ја сакавме победата и тоа се виде на терен“ – вели Грнев, кој смета дека Кит Го бил далеку подобар противник на теренот за заслужени три бода.
„Можеби требаше да дојдеме до предност уште во првото полувреме кога имавме неколку 100% шанси. Комплетно доминиравме и на стартот од вториот дел па следеше погодок за заслужена победа“.
Кит Го во следното, 5. коло, на 21. септември гостува на Питу Гули.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski