
Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, изрази огромно задоволство по импресивниот пресврт на неговиот тим против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, истакнувајќи дека тренерот Луис Енрике е најдобриот во светот.
ПСЖ губеше со 0-2 од актуелниот англиски шампион до 56. минута, но успеа да постигне четири голови без одговор, завршувајќи со спектакуларна победа.
„Во Луис Енрике го имаме најдобриот тренер во светот. Иако беше критикуван, за мене тој е најдобар, дури и ако го изгубевме овој натпревар. Против Манчестер Сити игравме со јасна стратегија. Тој покажа дека нашиот тим има ДНК“, изјави Ал-Келаифи.
Тој го потенцираше значењето на проектот што го гради клубот.
„Веруваме во нашиот проект. Имаме млад тим и најдобар тренер во светот. Благодарност и до навивачите, кои се многу важни за нас. Ова беше еден од најдобрите амбиенти што сум ги видел откако станав претседател на ПСЖ“, додаде Ал-Келаифи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукман сака да се пресели во Премиер – лигата

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?
