
Манчестер Сити официјално го објави своето трето зимско засилување. „Граѓаните“ се засилија со ѕвездата на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш.
Трансферот е во вредност од близу 80 милиони евра. Египетскиот напаѓач потпиша договор до летото 2029 година.
Our new number 7️⃣ pic.twitter.com/jyahrzq5Nr
— Manchester City (@ManCity) January 23, 2025
Во средата офанзивниот фудбалер ги помина медицинските прегледи, а денес официјално стана дел од „граѓаните“. Тој ќе го носи дресот со број „7“ на „Етихад“.
Мармуш постигна 20 гола на 26 натпревари за Ајнтрахт оваа сезона, на кои додаде и 14 асистенции.
„Отсекогаш сонував да бидам во клуб како овој. Моите соништа стануваат реалност“, изјави Мармуш.
Манчестер Сити претходно во јануари ги доведе Витор Реис и Абдукодир Хусанов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукман сака да се пресели во Премиер – лигата

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?
