Лајпциг во шестото коло конечно го запиша првиот триумф во Лигата на шампионите оваа сезона. Германскиот тим славеше на домашен терен против Спортинг Лисабон со резултат 2-1, додека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно не доби шанса за настап и остана на клупата за резерви.
Бењамин Шешко го отвори резултатот во 19. минута, но Виктор Ѓокереш израмни во 75. минута. Сепак, само три минути подоцна, Јусуф Поулсен постигна победнички гол за Лајпциг.
Во другиот натпревар, Шахтјор Доњецк го совлада Брест со 2-0. Кевин обезбеди предност за украинскиот тим во 17. минута, а Судаков ја зголеми разликата со гол од пенал во 37. минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













