
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, донел одлука да замине од клупата на крајот на оваа сезона. Тој има договор до јуни 2026 година, но навестил дека ќе сака да се повлече една година претходно. На ова веројатно влијаеја и критиките што италијанскиот стратег ги доби изминатиот период, посебно откако Реал го загуби Суперкупот на Шпанија против Барселона со 2-5.
Како негов наследник се најавува Чаби Алонсо, актуелниот тренер на Баер Леверкузен, кој минатата сезона донесе историска двојна круна за овој тим, а во минатото беше истакнат фудбалер на Реал Мадрид.
Доколку Анчелоти биде сменет пред истекот на оваа натпреварувачка сезона, тогаш неговата позиција привремено би ја пополнил Сантијаго Солари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
