Грчкиот напаѓач Стефанос Цимас е избран како следен напаѓач на Ливерпул. Оваа вест ја пренесуваат бројни доверливи извори, а станува збор за 19-годишен напаѓач кој моментно настапува за германскиот Нирнберг.
Цимас сè уште има договор со својот матичен клуб, ПАОК, но Нирнберг е подготвен да ја активира клаузулата за откуп на играчот за 18 милиони евра, а потоа да го препродаде на Ливерпул.
Ливерпул ќе понуди почетна сума од 25 милиони евра, плус бонуси. Сепак, се очекува Нирнберг да бара поголема сума, бидејќи интерес за Цимас покажале и Челси, Брајтон, Астон Вила и nekolku клубови од Бундес-лигата.
Цимас оваа сезона блеска во Германија, постигнувајќи осум голови и две асистенции на 15 натпревари.
Се шпекулира дека менаџерот Арне Слот не смета премногу на Дарвин Нуњез, чија продажба е сè поверојатна. Ливерпул би можел да заработи значителна сума пари и да врати дел од инвестицијата од 85 милиони евра за неговиот трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













