
Македонскиот второлигаш Кожуф денеска официјално ги започна подготовките под водство на новиот тренер, Славчо Георгиевски. Поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец ја презема функцијата по заминувањето на досегашниот тренер, Филип Деспотовски, кој зимава ја напушти екипата.

Георгиевски, кој последен пат беше дел од тимот на Скопје, има богато искуство во работа со младински категории во повеќе клубови, каде што оствари значителни успеси.

Ова го прави идеален за задачата со Кожуф, со оглед на тоа што гевгелискиот тим има состав богат со млади фудбалери.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
