Раководството на Атлетико Мадрид објави официјално соопштение во кое го изрази несогласувањето со одлуката на Ла Лига повторно да ги регистрира фудбалерите на Барселона, Дани Олмо и Пау Виктор.
„Атлетико сака да ја изрази својата длабока загриженост во врска со ситуацијата во шпанскиот фудбал по одлуката на Врховниот спортски совет во средата. Сметаме дека оваа одлука го загрозува постоечкиот систем, доведувајќи ги во прашање правилата на играта. Законот за спорт ги вклучува и штити економските регулативи во Ла Лига, но тие се загрозени со оваа одлука.
Економската контрола на Ла Лига беше главниот инструмент што овозможи трансформирање на нашиот фудбал во финансиски стабилен сектор – процес што го восхити целиот свет.
Нашиот клуб, исто како и сите други членови на Ла Лига пред оваа одлука, ги почитуваше правилата за економска контрола. Ние ќе продолжиме да ги почитуваме.
Оваа интервенција на владата создава многу опасен преседан, бидејќи ја отвора вратата за заобиколување на правилата и повторување на сериозните грешки од минатото. Атлетико продолжува да се придржува до принципите на одговорно управување. Без јасни и исти правила за сите, чесната конкуренција е невозможна“, се вели во соопштението на Атлетико Мадрид.
Атлетико е на второто место на табелата во Ла Лига, заостанувајќи два бода зад лидерот Реал Мадрид и има предност од три бода пред Барселона, но има и натпревар помалку од своите конкуренти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal