Connect with us

Струга ТЛ означи почеток на подготовките (Фото)

Актуелниот шампион Струга Трим Лум денеска ги стартуваше зимските подготовки. Тренерот Ќатип Османи и неговите соработници го одржаа првиот собир со фудбалерите, а потоа и првиот тренинг.

Стружани првата фаза од подготовките ќе ја одработат во својата база, а потоа ќе заминат на повеќедневни подготовки во Анталија. Во турскиот туристички центар се планирани неколку пријателски натпревари.

Струга ТЛ има пет бода негатива во однос на водечкото трио на табелата по првиот дел од сезоната, но Ќатип Османи и фудбалерите се оптимисти дека сето тоа ќе можат да го надоместат со добри резултати во втората полусезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови