Барселона се обидува да ја надмине ситуацијата со регистрацијата на Дани Олмо, но работи и на стратегија за привлекување врвни фудбалери чијашто иднина во сегашните клубови е под знак прашалник поради истекувањето на нивните договори. Клубот внимателно ја следи ситуацијата и веќе има составено список со четири потенцијални засилувања, кои би можеле да пристигнат како слободни агенти во летниот преоден рок, доколку не ги обноват своите договори.
Прва цел на Барселона е капитенот на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон. Искусниот напаѓач, кој има 32 години, последен пат го продолжи договорот со Тотенхем во 2021 година, но тој истекува на крајот од оваа сезона. Тотенхем сè уште не започнал преговори за нов договор, па Сон во јануари може да потпише преддоговор со друг клуб, што го прави атрактивен за Барселона.
Дополнително, на листата на Барселона се двајца играчи на Баерн Минхен, Џошуа Кимих и Лирој Сане. Кимих, со својата универзалност и лидерски способности, би бил идеално засилување за средниот ред, додека Сане, како едно од најдобрите крила во Европа, би донел свежина и креативност во нападот на Барселона.
Четвртиот играч на листата е германскиот дефанзивец Џонатан Тах, кој моментално игра за Баер Леверкузен. Тах е познат по својата физичка сила и тактичка зрелост, што го прави одличен избор за засилување на одбраната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal