
Фудбалерите на Саутемптон доживеаја тежок пораз на домашен терен од Брентфорд со резултат 0-5, но по натпреварот, само една навивачка на „светците“ имаше причина за славење.
Имено, по секој домашен натпревар, Саутемптон организира награда за еден од навивачите кој ќе го погоди точниот резултат на натпреварот. По поразот од Брентфорд, изгледаше дека нема да има доделување награда, бидејќи ретко кој би очекувал резултат 0-5. Но, се случи спротивното.
Went to the St Mary’s for first time in a while. My mum, who knows nothing about football, predicted the 0-5 loss then got booed when collecting her prize from Adam Armstrong in the Saints hospitality 😂 pic.twitter.com/aRJ5bxpX9r
— Hugo Scheckter (@HugoScheckter) January 4, 2025
Клер Шектер, мајката на Хуго Шектер, кој беше вработен во Саутемптон меѓу 2014 и 2018 година, го прогнозирала овој дебакл на својот сакан тим и со гордост пристигна на доделувањето на наградата.
Незавидната задача да ѝ го врачи дресот му припадна на напаѓачот на Саутемптон, Адам Армстронг, на чиј израз на лицето се гледаше длабоко разочарување.
Клер весело мавташе со рацете додека во позадина се слушаа саркастични свирежи и јасно негодување од страна на навивачите на Саутемптон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ница прва го победи ПСЖ во Франција оваа сезона

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер

Евро-фудбал
Ливерпул е фаворит за потписот на Милош Керкез
