
Лука Модриќ ја оцени како многу значајна победата на Реал Мадрид со 1-2 на гостувањето против Валенсија во одложениот натпревар од Ла Лига. „Кралевите“ успеаја да направат неверојатен пресврт на „Месталја“, иако губеа до 85. минута.
„Екипата уште еднаш покажа карактер. Никогаш не престанавме да веруваме во себе. Не одигравме на најдобар начин во првото полувреме, но во второто го променивме пристапот и прикажавме подобра игра. Немавме среќа во ситуацијата со пеналот и поништениот гол, но продолживме да веруваме. Оваа победа значи многу и може да биде клучна во нашата борба за титулата“, изјави капитенот на Реал Мадрид, кој го постигна израмнувачкиот гол во 85.минута.
Победата ја донесе Џуд Белингам со погодок во 96.минута од дуелот на „Месталја“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal