Актуелниот шампион Струга Трим Љум ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од сезоната на 8 јануари. Првите десет дена тимот ќе ги одработи во својата база во Струга, по што на 18 јануари ќе замине во Анталија, Турција, каде ќе ја реализира главната фаза од подготовките.
Во рамки на подготовките, тимот предводен од Ќатип Османи закажа пет пријателски натпревари. Стружани ќе се соочат со:
- Дебрецин (20 јануари),
- Корона Киелце (24 јануари),
- Рубин Казан (25 јануари),
- Кижилжар (27 јануари),
- Злате Михаловце (31 јануари).
По завршувањето на есенскиот дел од сезоната, Струга ТЛ заостанува пет бода зад водечките екипи Силекс, Шкендија и Работнички, што ќе биде предизвик за нив во пролетниот дел од првенството.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













