
Италијанските гиганти Милан и Јувентус покажуваат сериозен интерес за напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез. Уругваецот го привлече вниманието на повеќе европски клубови откако не успеа целосно да се наметне во составот на „црвените“ од „Енфилд“.
Нуњез пристигна во Ливерпул во 2022 година со големи очекувања, во трансфер од Бенфика вреден 85 милиони фунти. Напаѓачот доби и една од највисоките плати во тимот, која изнесува 140.000 фунти неделно.
Токму високата плата на Уругваецот претставува главна пречка за заинтересираните клубови.
Милан планира да понуди 5 милиони евра на Ливерпул за позајмица на играчот, со обврска во летниот преоден рок да платат дополнителни 45 милиони евра за трајно да го откупат договорот. Сепак, платата на Нуњез се покажува како сериозен проблем за „росонерите“.
Слична е ситуацијата и со Јувентус. Раководството на „старата дама“ исто така не е подготвено да обезбеди таков вид финансиски пакет за уругвајскиот напаѓач, кој досега не ги оправда очекувањата на „Енфилд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal