
Кошмарната форма на Манчестер Сити во последните недели го оддалечи тимот на Пеп Гвардиола на цели 14 поени од лидерот во Премиер – лигата, Ливерпул. Ова го натера еден од најголемите играчи на „граѓаните“, Бернардо Силва, да признае дека освојувањето на титулата веќе е невозможна задача.
„Во моментов едноставно треба да ја прифатиме реалноста. Не гледам ниту каде е Ливерпул, ниту каде е Арсенал, затоа што ние сме дури шести. Ме интересира да освоиме три поени во следниот натпревар за да се искачиме на табелата и наскоро да бидеме четврти или трети“, изјави Бернардо Силва за „Скај Спортс“.
„Кога ќе останат 10 кола до крајот на сезоната, можеме да направиме пресметки и да видиме кое место можеме да го освоиме. Во принцип, во фудбалот ништо не е невозможно, но несомнено е дека сме надвор од борбата за титулата. За нас е предоцна да се вратиме во таа трка“, истакна португалскиот репрезентативец.
„Луѓето велат дека во јануари не можеш да ја освоиш лигата, но можеш да си ги уништиш шансите. Оваа сезона реалноста е таква што ги изгубивме нашите шанси“, додаде Бернардо Силва.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal