Челси покажува голем интерес за доведување на Лаутаро Мартинез, напаѓачот на Интер и аргентинската репрезентација. Бидејќи Челси потроши огромни суми во последните неколку трансфер периоди, клубот има вишок играчи, па идејата од Лондон е Мартинез да го донесат без класична парична отштета, тврди аргентинскиот медиум „Ел Графико“.
Челси е подготвен да испрати тројца фудбалери, кои претходно ги плати 126 милиони евра. Тоа се Михајло Мудрик, Беноа Бадијашил и Карни Чуквумуека.
Нивниот план е Интер да го добие споменатото трио, додека италијанскиот гигант во замена би го испратил Мартинез. Вакви договори ретко се случуваат, а на врвно ниво во фудбалот речиси и да нема слични случаи. Сепак, останува да се види каков ќе биде одговорот од Италија.
Лаутаро Мартинез е капитен и еден од клучните играчи во тимот на Инзаги и тешко е да се поверува дека Интер би го продал, дури и во замена за тројца играчи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













