
Менaџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека неговиот тим не се откажува од борбата за титулата. „Tопчиите“ синоќа славеа со 1-0 против Ипсвич, со што ја намалија разликата до лидерот Ливерпул на шест бода, иако Арсенал има одиграно еден натпревар повеќе.
„Имавме голема доминација во првото полувреме. Тогаш требаше да постигнеме повеќе од еден гол. По паузата, не започнавме добро. Да им оддадеме признание на противниците, беа многу организирани и тешко беше да ги пробиеме“, изјави Артета.
„Со оглед на сите околности што нѐ следат, вклучувајќи ги црвените картони и повредите, нашата позиција не е лоша. Но, не сме таму каде што сакаме да бидеме. Нашата цел е да бидеме први“, додаде менаџерот на Арсенал.
Во наредните два натпревари од Премиер – лигата, Арсенал ќе гостува кај Брентфорд и Брајтон. Овие дуели ќе бидат клучни за нивните амбиции во трката за титулата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
