
Разделбата меѓу Јувентус и дефанзивецот Данило е прашање на денови. 33-годишниот Бразилец не е во плановите на Тијаго Мота и е ставен на трансфер-листа.
Данило веќе е информиран дека може да си бара нов клуб. Се очекува неговата кариера да ја продолжи во Наполи. Антонио Конте планира да ја засили одбраната на својот тим со искусниот Јужноамериканец, кој позитивно одговорил на понудата.
Данило одигра повеќе од 200 натпревари во дресот на Јувентус. Дури ја заслужи честа да ја носи капитенската лента на гигантот од Торино – чест што со децении ја имаа само Италијанци.
Во својата кариера, дефанзивецот играше и за Америка МГ, Сантос, Порто, Реал Мадрид и за Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
