Бразилскиот напаѓач од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ја освои наградата „Глоуб сокер аворд“ за најдобар фудбалер за 2024 година. 24-годишниот играч беше прогласен и за најдобар напаѓач на церемонијата што се одржа во Дубаи.
На 17 декември, Винисиус ја доби наградата за најдобар играч во светот на церемонијата „The Best“. Во октомври, тој го освои второто место во трката за „Златната топка“, каде што беше надминат единствено од играчот на Манчестер Сити, Родри.
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо, кој моментално игра за Ал-Наср, ја има освоено оваа награда шестпати.
Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, беше прогласен за најдобар млад играч. Тој наполни 17 години во јули оваа година.
Играчот на Реал Мадрид и англиската репрезентација, Џуд Белингам, беше избран за најдобар играч од средниот ред.
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, беше прогласен за најдобар тренер за 2024.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













