
Атлетико Мадрид размислува да достави понуда за дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Милан Шкрињар. Тренерот Диего Симеоне сака да додаде уште една опција во одбранбената линија, а словачкиот репрезентативец, кој е незадоволен од статусот на резерва во ПСЖ, е меѓу потенцијалните засилувања.
Оваа сезона, Атлетико ги ангажираше Робин Ле Норман и Клемен Ленгле, но клубот планира дополнителни засилувања бидејќи се очекува Аксел Витсел и Цезар Аспиликуета, кои имаат договори што истекуваат, да го напуштат тимот на лето.
Ленгле, кој е на заем од Барселона, остави добар впечаток со своите настапи, но засега не е сигурно дали ќе остане во клубот. Преговорите за потенцијалниот откуп допрва претстојат.
Што се однесува до Шкрињар, ПСЖ бара околу 35 милиони евра за неговите услуги. Освен Атлетико, за него интерес покажува и Јувентус, кој според шпекулациите веќе добил позитивен одговор од играчот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
