
Тренерот на Челси, Енцо Мареска, ја пофали играта на Фулам по поразот од 1-2 на „Стемфорд Бриџ“. Тој изјави дека овој пораз треба да биде поука за неговиот тим.
Фулам постигна историска победа, прва на „Стемфорд Бриџ“ по цели 45 години.
„Голот кој го примивме на самиот крај остава горчлив вкус. Како што многупати сум рекол, ако не можете да победите, важно е да не загубите. Првите 15 минути од второто полувреме беа делот од натпреварот кој воопшто не ми се допадна. Во првото полувреме мислам дека ја контролиравме играта и имавме шанси за гол. На почетокот на вториот дел им дадовме премногу простор и енергија. Дури и кога израмнија, имавме неколку добри можности за погодок. Овој натпревар мора да ни биде лекција која треба да ја научиме“, изјави Мареска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
