Connect with us

Шишето со вода му помогна на Пикфорд да го одбрани пеналот на Халанд (ФОТО)

Манчестер Сити разочара и на Боксинг Деј, играјќи само 1-1 против Евертон на „Етихад“. Херој на гостите беше голманот Џордан Пикфорд, кој во 53. минута му одбрани пенал на Ерлинг Халанд.

Пикфорд се потпре на својот добро познат „трик“, користејќи шише за вода на кое беа наведени пенал-стиловите на изведувачите. Голманот го искористи својот „потсетник“, го прочита движењето на Халанд и успеа да го неутрализира неговиот удар од белата точка.

Овој клучен момент не само што го спречи Сити да дојде до предност, туку и го мотивираше Евертон да освои важен бод на ова тешко гостување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови