
Дефанзивецот Мите Цикарски е најново засилување на Вардар, четврто оваа зима за „црвено-цените“. Тој се враќа во клубот каде што ја започна својата професионална кариера.
„Се што знам за ФК Вардар е дека носењето на овој дрес има големо значење. Среќен сум што се враќам на местото каде што започнав. Очекувањата за оваа сезона се високи, и сите знаеме каде припаѓа клубот како Вардар. Се надевам на успешен период и дека ќе го вратиме Вардар на врвот на македонскиот фудбал“, изјави Цикарски.
Цикарски има значително искуство од играње во странство, настапувајќи за клубови на Кипар, во Романија и Грција, а во Македонија има играно за Работнички, Брера и Македонија Ѓорче Петров, од каде што доаѓа во Вардар.
Претходно, клубот се засили и со Михаил Маневски, Ѓорѓије Јанкулов и Михал Пинтер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski