
Раководството на Манчестер Сити размислува да му понуди договор на слободниот агент Пол Погба, откриваат англиските медиуми. Во моментов, францускиот фудбалер е суспендиран поради користење на допинг и не може да игра на официјални натпревари. Поради оваа причина, неговиот договор со Јувентус беше раскинат.
Погба доби казна со забрана за настапи од четири години, но санкцијата му беше намалена на 18 месеци. Ова значи дека играчот ќе може повторно да игра во март следната година.
Манчестер Сити во моментов се соочува со најтешкиот период под водство на Пеп Гвардиола. Тимот е погоден од серија повреди кои влијаеја на резултатите, а најголемиот удар е губењето на добитникот на Златната топка, Родри, кој ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.
Пол Погба, кој претходно играше за градскиот ривал Манчестер Јунајтед, е отворен за враќање во Англија, иако ќе ги разгледа и понудите од други големи европски првенства.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан

Интернационалци
Елиф Елмас е на чекор до враќање во Наполи
