Завршница на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. Дерби мечот се игра во Тетово каде се среќаваат Шкендија и Гостивар во директна пресметка кој би можел да презими на врвот, а на таков развој се надеваат и Силекс и Работнички, кои денеска имаат домашни предизвици.
„Ние сме изградени како тим да бидеме лидери на табелата до самиот крај. Кога сте во серија од четири последовни победи, секако чувствувате ментален спокој кај секој од нас, и во нашите глави мислиме само на победа. Верувам дека имаме сила да триумфираме и да ги освоиме трите бода“, изјави Мевлан Адили, дефанзивецот на Шкендија во пресрет на дербито со Гостивар.
Силекс во Кратово го пречекува Вардар, во дуел што некогаш беше дерби на сезоната, а сега кратовци се борат за врвот, додека вардарци гледаат да го избегнат дното.
„Имаме почит за Вардар, но не сме скромни во нашите амбиции. Нашата цел е само победа и есенска титула. Атмосферата во клубот е на одлично ниво, сакаме така да продолжи во текот на зимската пауза“, изјави капитенот на Силекс, Иван Шуберт.
Работнички исто така има шанси да презими на врвот, доколку конкурентите не ја исполнат таа цел, а за тоа на „романтичарите“ им е потребна убедлива победа против Пелистер.
Шампионот Струга Трим Лум на домашен терен ја пречекува Воска Спорт, додека Беса ќе го нагости тимот на Шкупи.
Тиквеш ќе се обиде да го избегне дното со евентуален триумф против Брера во Кавадарци.
Напомена, сите натпревари од денешното 18.коло од Првата фудбалска се играат без присуство на гледачи поради одлуката на ФФМ, а по претходна проценка од МВР.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 18. КОЛО (денеска, 13 часот)
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
СИЛЕКС – ВАРДАР
СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ
ТИКВЕШ – АП БРЕРА
БЕСА – ШКУПИ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal