
Фудбалерите на Спортинг Лисабон загубија со 1-2 од тимот на Мореиеренсе во натпревар од 13. коло во првенството на Португалија.
Ова беше трет пораз по ред за играчите од португалската престолнина, откако претходно загубија со 0-1 од Санта Клара во претходниот натпревар од шампионатот, а уште порано беа поразени од англискиот гигант Арсенал со 0-5 во Лигата на шампионите.
Сите овие натпревари беа одиграни по заминувањето на тренерот Рубен Аморим, кој отпатува за Англија каде што го презеде Манчестер Јунајтед.
Пред двата порази, португалскиот шампион имаше само победи во шампионатот, но со падот на формата им дозволи на другите два гиганти од лигата на Иберискиот Полуостров, Порто и Бенфика, да се вратат во борбата за титулата.
Во главната фаза на Лигата на шампионите, Спортинг Лисабон исто така немаше пораз, но по тешкиот пораз падна на десеттото место на табелата, кое не носи директно место во осминафиналето, туку учество во квалификациски плејоф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski