
Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло во Прва МФЛ кои според програмата за натпревари требаше да се одиграат на 1. декември (недела) со почеток во 13 часот.
Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари.
Комисијата за натпревари ги презакажа одложените натпревари од 17. коло во Прва МФЛ за 3. декември (вторник) со почеток во 13 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
