
Манчестер Јунајтед ја оствари првата победа под раководство на Рубен Аморим откако на „Олд Трафорд“ го совлада Бодо/Глимт со 3-2. Расмус Хојлунд со два гола направи пресврт, со оглед дека норвешкиот имаше водство од 1-2.
Гарначо погоди во првата минута, а потоа гостите возвратија преку Евјен и Зинкернагел. Хојлунд израмни во 45.минута, а потоа постигна уште еден гол во 50.минута.
Рома успеа да извлече 2-2 на гости кај Тотенхем. Матс Хумелс донесе израмнување во 91.минута.
Сон од пенал обезбеди предност за Тотенхем во петтата минута, но израмни Ндика во 20.минута. Бренан Џонсон во 34. минута донесе ново водство за Тотенхем, но и тоа не беше доволно за триумф.
Фенербахче славеше со 1-2 на гости кај Спарта Прага, со головите на Един Џеко и а Јусеф Ен Несири, а Реал Сосиедад го победи Ајакс со 2-0. Ајнтрахт Франкфурт на гости славеше против Митјиланд со 1-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
