Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, не го криеше своето задоволство од фактот дека неговиот тим е лидер на табелата во Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ го совладаа Лајпциг со 1-0 и го презедоа врвот во најсилното натпреварување.
Сепак, Инзаги предупреди дека нема простор за еуфорија, бидејќи останува уште важна работа за завршување.
„Секако дека сме задоволни, бидејќи знаевме колку овој натпревар е важен. Вистина е дека Лајпциг нема освоено поени, но до неодамна беа втори во Бундес-лигата. Имаат голема класа и добро структуриран тим. Требаше да го задржиме балансот, што не беше лесно против толку агресивен тим кој притиска високо. Единствениот проблем беше што не постигнавме втор гол, но од друга страна, Јан Зомер имаше само една потешка интервенција, што значи дека не им дозволивме многу шанси“, изјави Инзаги.
„Се согласувам дека имавме повеќе контрола на топката, и ако Дамфрис постигнеше гол на почетокот на второто полувреме, тоа можеше да го смени текот на натпреварот. Имам сомнежи и за поништениот гол на Мхитарјан. Сепак, против нас беа играчи како Опенда, Шешко, Нуса, кои се многу талентирани. Не случајно тие беа полуфиналисти во 2020 година и шест години по ред играат во Лигата на шампионите. Ни беше потребно добро издание, што и го покажавме. Бевме постојано фокусирани и подготвени да го покриеме секој слободен простор“, додаде тренерот на Интер.
На крајот, тој зборуваше за лидерската позиција на неговиот тим.
„Драго ми е што сме на оваа позиција, но ни претстојат уште важни чекори за да го осигураме местото во топ 8. Имаме натпревари со Баер Леверкузен, Спарта Прага, а и со Монако ќе биде тешко. Победивме на четири последовни натпревари без примен гол, што е за пофалба, особено кога ќе се земе предвид класата на противниците со кои се соочивме. Бев навистина загрижен за исходот, но исто така знаев дека мојот тим е доволно искусен да разбере дека позицијата на Лајпциг не ја одразува нивната класа“, заклучи Инзаги.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski