Манчестер Сити забележа нов шокантен резултат, играјќи 3-3 со Феенорд во петтото коло од Лигата на шампионите. Фудбалерите на Пеп Гвардиола имаа водство од три гола до 75. минута, но дозволија израмнување.
Со тоа, „граѓаните“ влегоа во историјата на турнирот, станувајќи првиот тим што водел со толкава предност од три гола петнаесет минути пред крајот, а не успеал да победи.
Ова е првпат од мај 1989 година тим со предност од три гола да не успее да го осигура триумфот. Дополнително, фудбалерите на Манчестер Сити поставија уште еден негативен рекорд во клупската историја, стар 61 година, примајќи два или повеќе гола на шест последовни натпревари. Последен пат ова се случило во сезоната 1962/63, кога шампионите испаднале во Втората дивизија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













