
Баерн Минхен го победи Пари Сен Жермен со 1-0 на „Алијанц арена“ во дерби-натпреварот од петтата рунда во Лигата на шампионите. Дефанзивецот Ким Мин-Јае беше стрелец на победничкиот гол за германскиот клуб, додека ПСЖ играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Осман Дембеле во 57-та минута.
Манчестер Сити доживеа уште еден шок, играјќи само 3-3 против Феенорд на „Етихад“, иако водеше со 3-0. Ерлинг Халанд го отвори резултатот од пенал во 44-та минута, а во вториот дел Илкај Гундоган го зголеми водството на 2-0. Халанд го постигна и третиот гол, но потоа се случи чудото. Феенорд за само 14 минути израмни.
Преку Анис Муса Хаѓ и Сантијаго Хименез намалија на 3-2, а Давид Ханцко во 89-та минута го постигна израмнувачкиот гол за 3-3, благодарение на две големи грешки на голманот на Сити, Едерсон.
Спортинг Лисабон загуби од Арсенал со 1-5 на домашен терен. Мартинели, Хаверц и Габриел го поставија резултатот на 3-0 уште во првото полувреме, а потоа погодија и Букајо Сака и Леандро Тросар. Единствениот гол за Спортинг го постигна Гонсало Инасио на почетокот на вториот дел.
Аталанта беше убедлива на гостувањето кај Јанг Бојс и славеше со 1-6. Двојни стрелци беа Ретеги и Де Кетеларе, а во листата на стрелци се запиша и Колашинац.
Барселона го победи Брест со 3-0. Роберт Левандовски постигна пенал и со тоа го постигна својот стоти гол во Лигата на шампионите, а потоа Дани Олмо го потврди триумфот во 66-та минута. Во финишот на натпреварот, Левандовски постигна уште еден гол.
Баер Леверкузен го декласира Салцбург со 5-0, додека Интер го победи Лајпциг со 1-0, благодарение на автоголот на Лукеба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Реал тргнува по потписот на Салиба

Евро-фудбал
Арсенал го купува Нкунку од Челси?

Втора лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ВТОРАТА ЛИГА
