Connect with us

Маскерано и официјално е нов тренер на Интер Мајами

Поранешниот играч на Ливерпул, Барселона и репрезентацијата на Аргентина, Хавиер Маскерано, е именуван за нов тренер на Интер Мајами, официјално објави американскиот клуб. Во Флорида, 40-годишниот стручњак повторно ќе соработува со својот долгогодишен пријател и поранешен соиграч Лионел Меси, како и со познати лица како Серхио Бускетс, Жорди Алба и Луис Суарез.

Маскерано потпиша договор до 2027 година, заменувајќи го својот сонародник Херардо Тата Мартино, кој поднесе оставка порано оваа недела. Досега, Маскерано ги водеше младинските селекции на Аргентина, вклучувајќи го и олимпискиот тим.

„Да предводам клуб како Интер Мајами е чест и привилегија за мене, која ќе се потрудам да ја искористам максимално. Ме привлече недвосмислената амбиција на клубот и инфраструктурата која ја поддржува таа визија. Со нетрпение очекувам да соработувам со луѓето во Интер Мајами, за да му помогнам на клубот да достигне нови височини и да им подариме на навивачите уште незаборавни моменти“, изјави Маскерано.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови